Груевски тврди дека не планира да бега а СЈО без докази против него води хајка
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2017
Час и половина на отворена седница во Апелација се разгледуваа жалбите на Груевски.
Првиот опозиционер уште еднаш негираше вина и рече дека не планирал да бега туку дека се подготвувал за нова изборна победа и враќање на власт.
„Против мене се води политички прогон и хајка. СЈО нема докази против мене.Јас се подготвувам да победам на избори, не да бегам. Каде би бегал во овој глобализиран свет, до сега не сум отсуствувал од рочиштата и на секоја покана од судот ќе се јавувам, вели Груевски кој смета дека јавувањето во суд и одземениот пасош се мерки само за гласачите да добијат перцепција дека е виновен“, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Според одбраната на Груевски се кршат правата на обвинетите во постапката додека пак ддвоктот од СЈО, Бурим Рустеми рече дека мерките не се политички туку однесувањето на Груевски.
„Увидот во списите му се алиби, одбраната на Груевски не вршеше увид, туку разгледуваше записници. Ја опструираа истрагата и рокот на СЈО“, посочи Рустем.