26 Април, 2024
0.0617

Што го загрижи толку Груевски за Македонија дури во Будимпешта: Еве што вели другарот што го посети

Објавено во: Македонија 18 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Во Будимпешта екс премиерот Никола Груевски е добар, но загрижен. 

Груевски е во одлична здравствена состојба, загрижен е, и не излегува честo, вели Александар Трајковски кој беше „уловен“ на фотографија во Будимпешта, пренесе Телма

Тој вели дека патувал во Унгарија за да најде лек за проблемите со дишењето.

„Две години овде ме лекуваа со пумпица за дишење. Одлучив по препораката од матичниот лекар и заминав на преглед во „Дуна медикал“ во Будимпешта. Таму лекарите открија дека имам девијација во носот што постојано ми предизвикува инфекција на белите дробови“, изјави Трајковски.

Трајковски кажа дека со Груевски се сретнал како со сопартиец и поранешен лидер. Се пожали дека станал мета на јавноста поради Груевски и дека поради неговото патување и лекување како слободен човек, јавноста калкулирала со негово притворање и бркање од работа од Царина.

За сите одговори што прави Груевски во Будимпешта ги упати новинарите да му напишат порака на социјалните мрежи, затоа што тој постојано е активен. 

Трајковски минатата недела беше фотографиран во Будимпешта заедно со поранешниот премиер Груевски. Тој вчера беше во судот како еден од обвинетите во случајот на СЈО „Шлаканици во Центар“. 

Груевски пак повеќе од месец дена е во Унгарија, каде избега и доби политички азил. Освен на фотографија, беше уловен и во ресторан од каде им избега на новинарите. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот