24 Април, 2024
0.0306

Груевски: Во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Јас знам дека во животот напамет не ми паднало да влегувам во багажник за било какви цели, пишува на Фејсбук екс премиерот Никола Груевски, откако премиерот Зоран Заев во странство даде изјава дека на тој начин Груевски избегал од Македонија. 

„Вистината ја знае и Заев. Заминав бидејќи во Македонија се водеа политички мотивирани процеси против мене во кои што однапред се знаеја пресудите нарачани од него лично, иако не постоеја никакви правни аргументи, никакво сторено кривично дело а според тоа ни докази. Заминав бидејќи во затворот ми подготвуваа линч. Вистината е дека заминав многу лесно и едноставно, а тој пред некој ден потроши четвртина од емисијата за отчет говорејќи за мене и како сум заминал, со лажење и фантазирање. Па потоа почна да го лаже и светот преку меѓународните медиуми. Гледате, тој замислил дека сум заминал, како што неодамна слушнав дека кога беше во опозиција него го носеле и враќале тајно во една соседна држава ,,на консултации,,. Секој си тргнува од себе. Па веројатно си рекол: “ако можев јас да влегувам во багажник за да го сменам името, историјата и идентитетот, зошто пак не тој затоа што не ги смени.  Ама “ХАЈ”треба да знае дека се ближи време за ГУДБАЈ. Оти народот не е баш ХАЈ и разбира дека нашиов “ХАЈ” штом отвори уста-лаже“, вели Груевски. 


Лаже полесно од што дише, коментира тој за Заев. 

Заев тврдеше дека ја знае траекторијата на движењето на Груевски во клучните часови на бегството од земјата.

„Со лифт се симнал во подрумот, а потоа се сокрил во багажникот на автомобилот со кој бил изнесен од земјата. Во Албанија го чекало унгарско дипломатско возило“, изјави премиерот за германски медиум. 

Основното јавно обвинителство не е сигурно дека Никола Груевски избегал од Македонија во Албанија сокриен во багажник од возило, како што кажа премиерот Зоран Заев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава