Гугуческа: Најнизок одзив има во Желино, Врапчиште и Боговиње
Објавено во: Македонија 05 Мај, 2019
Oд Државната изборна комисија соопштија дека до 13 часот, највисока излезност има во Крива Паланка 39.69%, Крушево 34.33%, Прилеп 33.84%, Кратово 33.82%, Гевгелија 33.07%, Берово 31.53%.
20.73% е излезноста до 13 часот на претседателските избори.
Најнизок одзив има во Желино 4.22%, Врапчиште 6.12% и Боговиње 6.21%, соопшти портпаролката Љупка Гугуческа.
Гласањето тече мирно. Наредната прес-конференија на ДИК ќе биде во 15 и 30 минути.