ГУТЕРЕШ ОЦЕНУВА: Ковид -19 е катастрофа за образованието за цели генерации
Објавено во: Свет 04 Август, 2020
Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш оцени дека пандемијата на Ковид-19 доведе до невидено нарушување на образовниот
процес во историјата, бидекќи дури
160 земји ги затворија вратите на училиштата. Смета дека тоа има огромно негативно влијание на
едукацијата на повеќе од 1
милијарда ученици.
Тој предупредува дека светот се соочува со генерациска катастрофа која може да го потроши залудно човечкиот потенцијал, да го поткопа деценискиот напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости.
-Живееме во клучен момент за децата и младите луѓе во светот. Одлуките кои сега ќе ги донесат властите ќе имаат влијание кое долго ќе трае врз стотици милиони млади луѓе, но и врз развојот на земјите во наредните децении, изјави Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.