Гутереш се огласи за Кашмир
Објавено во: Свет 05 Август, 2019
Индија и Пакистан да покажат воздржаност, бараат од ОН.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност откако Индија ја укина автономијата на индискиот дел на Кашмир, со цел да го интегрира тој регион со мнозинство муслимани.
Тој предупреди дека членовите на мировната мисија на ООН кои го надгледуваат прекинот на огнот меѓу Индија и Пакистан во Џаму и Кашмир „регистрирале зголемување на воените активности по должина на контролната линија”.
Во Пакистан денеска имаше протести поради Кашмир.