28 Март, 2024
0.0277

Гуварнерката до ММФ, СБ и ЕУ - на Балканот му требаат повеќе пари за да се справи со коронакризата

Објавено во: Финансии 16 Април, 2020

Добивај вести на Viber

ММФ, Светска банка, Европската унија и другите меѓународни финансиски институци, треба да им дадат повеќе пари на земјите од регионов за подобро да се справат со кризата предизвикана од коронавирусот.

Ова на директорката на ММФ Кристалина Георгиева, но и на директорот на европскиот оддел на Фондот, им го порачала гувернерката на Народна банка, Анита Бежовска Ангеловска. 

„Гувернерката нагласи дека во услови на помалку развиени домашни финансиски пазари, економиите од нашиот регион имаат поизразена потреба од надворешно финансирање. Имајќи предвид дека корона-кризата доведе до затегнување на меѓународните приватни финансиски пазари, таа одделно се осврна и на потребата од поголема поддршка од ММФ и од другите меѓународни финансиски институции, како и на потребата од поддршка од европските институции“, стои во соопштението од НБМ.

Ова всушност гувернерката го кажала во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто годинава се одвиваат електронски, при што се одржа состанок воден од директорката на ММФ, Кристилина Георгиева, на кој најновите проекции на ММФ беа презентирани од страна на директорот на Одделот за Европа, Пол Томсен. 

За дискутанти на состанокот беа поканети гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и гувернерите на централните банки на Руската Федерација и Хрватска, Елвира Набиулина и Борис Вујчиќ.

Во дискусијата, акцент беше ставен на ефектите од пандемијата на ковид-19 врз европските економии, како и на економските политики коишто се спроведуваат и на клучните предизвици што произлегуваат од новонастанатите околности. Притоа, Ангеловска-Бежоска ги потенцираше макроекономските политики што се преземаат кај нас и во другите земји од регионот, акцентирајќи го предизвикот за обезбедување финансиски средства со цел спроведување на мерките на  фискална политика со коишто треба да се ублажат негативните ефекти врз економијата заради состојбата со вирусот ковид-19.

Како член на Надзорниот одбор на Виенската иницијатива, претставувајќи ги шесте земји од Југоисточна Европа коишто сѐ уште не се членки на Европската Унија, Ангеловска-Бежоска активно учествува и во дискусиите за координиран пристап во совладувањето на предизвиците со коишто се соочуваат земјите од нашиот регион во овој период. Меѓу другото, решенијата за коишто се дискутира вклучуваат и иницирање засилена финансиска поддршка од изворите на Европската Унија. 

Во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, гувернерката на Народната банка ќе учествува и на состанокот на Конституенцата во којашто членува нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман