Гувернерката Ангеловска Бежоска за МИА: Можам да потврдам дека денарот е стабилен
Објавено во: Економија 26 Април, 2019
По повод дваесет и седум години од воведувањето на денарот и монетарната самостојност, првата дама на Народна Банка, Анита Ангеловска – Бежоска во интервју за МИА изјави дека денарот е стабилен, а монетарната стратегија на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото е оптимална за нашата економија и компатибилна со нејзините структурни карактеристики
„И денес, на денот кога пред дваесет и седум години беа донесени повеќе закони со кои се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народната банка, со сигурност можам да потврдам дека денарот е стабилен. Монетарната стратегија на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото е оптимална за нашата економија и компатибилна со нејзините структурни карактеристики. Курсот на денарот постојано е во согласност со нивото што го налагаат економските фундаменти“, изјави гувернерката.
Целото интервју од МИА, прочитајте го тука