ГУЖВА НА ГРАНИЦА: Колку се чека на Табановце?
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2018
Гужва има на граничниот премин Табановце кон соседна Србија. За влез и излез од државата се чека од 30 до 60 минути, а на другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.