Добивај вести на Viber
Eсенската колекција на шведскиот моден бренд H&M во Белград и официјално е потврдено дека пристинува на крајот на август кога првата H & M продавница ќе биде отворена во Србија.Како што пишува порталот Мондо, продавницата ќе бида во Нов Белград, во Делта Сити трговски центар. Точниот датум допрва ќе се утврдува.
Цените и колекциите ќе бидат иста како и во околу 200 бутици низ целиот свет, тврдат од H & М, но сеуште не откриваат на кои места ќе бидат отворени новите продавници низ Србија.
Кога станува збор за конкретната есенска колекција, која треба во бутиците да биде изложена на 5 септември, таа ги комбинира гламурот и машките кроеви. Клучни елементи на облека за дами се: палтата, фустани со светки, кратки свечени сакоа, кожени јакни и панталони, везови и многу украси, велат од H&M
.