19 Април, 2024
0.0271

Хачисон: Македонија може да има име какво што сака, но спорот треба да се реши

Објавено во: Свет 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Македонија е следната земја што може да ги исполни критериумите за членство во НАТО и јас ја поддржувам, но проблемот е името „Македонија“ кое треба да биде прифатливо и за Грција, изјави постојаниот амбасадор на САД во НАТО Кеј Бејли Хачисон во интервју за „Вашингтон пост“. 

Хачисон e инаку Републиканка од сојузната држава Тексас и голем поборник за американските воени сили, па така секој нов сојузник на НАТО е добредојден, особено што според неа САД нема проблем со името на Македонија, но спорот мора да биде најпрво решен заедно со Грција со цел да се донесе едногласна одлука во Алијансата. 

– Сметам дека сите ја гледаат Македонија и нејзиното исполнување на овие стандарди. Има уште малку до целосно исполнување, но верувам дека ако кажат дека се близу до договор за спорот со името, а ние сакаме да имаат име какво што тие сакаат или во некоја друга форма, но мора да има едногласен консензус. Сметам дека се многу близу. САД ги поддржуваат и ако можат да го исполнат последното парче на внатрешен план и работат кон слободни избори и силна влада, тогаш ќе бидат следната земја членка, изјави Хачисон.

Прашана дали како амбасадор ќе се заземе за Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО, Хатчисон рече дека Алијансата има политика на „отворени врати“ за нови земји членки, но тие треба да исполнуваат одредени демократски и воени стандарди.

– Пред 10-15 години имаше дебата и донесена е одлука да имаме политика на отворени врати и да ги вклучиме Балканските и Балтичките земји, и да имаме стандарди што ќе ги направи посилни. Ако имаме исполнети стандарди на демократија, војска и владеење на правото, тогаш овие земји ќе бидат поспособни да се бранат самите и опстанат како демократии на долг рок. Политиката на отворени врати се уште е тука и стандардите се тука, рече Хачисон.


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН