Хајдаи: Останувањето на позиции кои беа немилосрдно гранатирани со месеци едноставно нема смисла

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022
Украина нареди силите да се повлечат од клучниот источен град Северодоњецк.
Руските сили речиси го опколија Северодоњецк во последниве денови.
„Останувањето на позиции кои беа немилосрдно гранатирани со месеци едноставно нема смисла. Украинските сили добија наредба да се повлечат на нови позиции и оттаму да продолжат со своите операции“, изјави Серхи Хајдаи регионалниот шеф на Луганск за украинската телевизија.
Началникот на областа Северодоњецк Роман Власенко вели дека украинските војници се уште се во градот и дека повлекувањето сепак може да потрае. Градската инфраструктура е целосно уништена, при што над 90 отсто од куќите се гранатирани, а 80 отсто од нив се критично оштетени. Војната почна на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека ако ги изгубат двата клучни града во источна Украина, може да ја изгубат војната.foto EPA/OLEKSANDR RATUSHNIAK
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Во Долината на смртта имаше невреме кое се случува еднаш во 1.000 години

Руските државјани со шенген визи нема да можат да влезат во една европска земја

(ВИДЕО) ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА ВО БАНКА ВО БЕЈРУТ: Човек си ги бара парите за да ја плати операцијата на татко му

Европа се соочува со суша каква немало цели пет века

Зеленски најави одмазда и повика на отпор во окупираните територии

Резников вели дека руските зборови не вредат ништо

Извршниот директор на „Модерна“ вели дека вакцините против Ковид ќе еволуираат како „ајфон“

KИНА ПРОГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА НА ТАЈВАН: Објавен е документ за мирно обединување
