Хајко Мас: Почеток на преговори во 2019-та, но само со исполнети реформи
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2018
Хајко Мас, шефот на германската дипломатија, по посетата на Македонија, веднаш го продолжи патот кај западниот сосед Албанија. Двете земји годинава беа ставени во ист пакет кога не добија датум за преговори со Европската унија, туку тоа беше одложено условно за до година.
- Треба да се разбере дека во јуни 2019-та преговорите нема да започнат автоматски. Европската унија сака да види конкретни резултати. Албанија треба да ја убеди на полето на реформите. Сакаме да видиме зајакнување на владеењето на правото и независност во судскиот систем - рече Мас.
Напредокот во реформите треба да биде убедлив и во Македонија и во Албанија.