11 Јули, 2020
0.0235

Халкбанк АД Скопје и оваа година со поддршка на Ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2019

Во пресрет на петтото јубилејно издание на Ракометниот камп на капитенот и најдобриот стрелец на сите светски и европски првенства, Кирил Лазаров, Халкбанк АД Скопје го објави четвртото по ред партнерство на овој проект, и тоа со најголема поддршка досега.

Ракометниот камп ќе се одржи во две смени, од 19 до 25 јуни и од 25 јуни до 1 јули 2019 година во Охрид, а Халкбанк оваа година ќе ги изненади децата со маскотата слончето Халки, која е симбол на детското штедење и која на секое дете што ќе слави роденден додека се одржува кампот, како подарок ќе му додели по 3.000 денари на штедна книшка.

„Во насока на поттикнување на вистинските општествени вредности, нашата банка е горд партнер и на Ракометната федерација на земјата, а, пак, веќе традиционалната поддршка на Ракометниот камп ’Кирил Лазаров 7‘ е само чекор повеќе да го препознаеме и да го наградиме успехот што се темели на посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа. Истовремено, за нас од големо значење е и да ги едуцираме децата и да ја подигнеме свеста за штедење од најрана возраст, бидејќи со таква навика тие всушност инвестираат во својата иднина. Верувам дека со помош на Халки, и децата од овој ракометен камп ќе ја согледаат важноста од рано штедење, особено како дополнителен мотив за развој и поттик на нивната идна спортска кариера“, рече Маја Наумовска-Савеска од Дирекцијата за односи со јавност на Халкбанк АД Скопје.

„Халкбанк, како меѓународна групација на компании, бренд што е голем поддржувач на спортот и ракометот во Македонија, е вистински партнер за овој многу важен проект на најуспешниот македонски спортист. Ние сме исклучително благодарни што тие секоја година ја покажуваат својата лојалност кон ракометот и, всушност, единствено со вакви партнери проектот може долгорочно да се одржува и да гради нови ѕвезди на македонскиот ракомет“, изјави Горан Ѓоргоноски од агенцијата КМГ Спорт, во чија организација е Ракометниот камп.

Инаку, Ракометниот камп е наменет за деца од 7 до 17-годишна возраст, кои во текот на 7 дена поминуваат интензивен тренинг, дружење, едукација и квалитетна надградба со Кирил Лазаров и со неговиот тим од тренери. Досега во кампот учествувале повеќе од 1.000 деца, а дел од нив веќе ги бранат боите на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?

Светот низ призмата на фотографии доставени до Huawei Next-Image Awards 2020

Светот низ призмата на фотографии доставени до Huawei Next-Image Awards 2020

Енергетска сиромаштија - Реалност за над 50 милиони домаќинства во ЕУ

Енергетска сиромаштија - Реалност за над 50 милиони домаќинства во ЕУ

НАГРАДНА ИГРА НА ПОДРАВКА: Во жарот на летото со Talianetta до супер парични награди

НАГРАДНА ИГРА НА ПОДРАВКА: Во жарот на летото со Talianetta до супер парични награди

Македонската компанија Brainster започнува со работа во Виена

Македонската компанија Brainster започнува со работа во Виена

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ за хероизмот на Данците во спасувањето на Евреите во Втората светска војна

Онлајн промоција на романот за деца „Изброј ги ѕвездите“ за хероизмот на Данците во спасувањето на Евреите во Втората светска војна

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Американската aгенција за храна и лекови: IQOS е производ со модифициран ризик

Американската aгенција за храна и лекови: IQOS е производ со модифициран ризик