29 Март, 2024
0.0248

Халкбанк АД Скопје прва банка од регионот која се вклучува на глобалната коалиција „ПрајслесПланет“ на Mastercard

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Халкбанк АД Скопје, како компанија чија стратегија за општествено одговорно делување се темели на подигнување на еколошката свест, од 20 октомври склучува партнерство со големата глобална иницијатива на Mastercard, наречена „ПрајслесПланет“ (Priceless Planet), чија цел е преку својата широка коалиција да обедини повеќе бизниси и потрошувачи од целиот свет за поддршка во засадување 100 милиони дрвја, но и да инспирира колективни акции за решавање на климатските промени.

Халкбанк е првата и единствена банка од регионот која се вклучува во оваа голема коалиција, а придонесот кон иницијативата ќе го реализиракако дополнување насвојата веќе етаблирана еко платформата „ХалкЕко“. Долгорочната заложба на банката за зачувување на животната средина веќе беше препознаена од Mastercard, но сега поддршката се проширува и надополнува во уште поголеми размери и во периодот што следи, Халкбанк ќе ја даде својата поддршка со активирање низ повеќе различни кампањи, а со цел зголемување на колективната свест, но и на индивидуалниот придонес кон заштита на планетата.

„Зачувувањето на шумите, но и на севкупната добросостојба на нашата планета, е нешто што нѐ засега сите и обврска пред која што не смееме да си дозволиме да застанеме, особено кога се работи за нашата локална заедница. Ние, како еко-ориентирана компанија, преку кампањата ХалкЕко и преку голем број спроведени акции и иницијативи, правиме навистина големи напори да дадеме видлив придонес кон подобра, почиста и поздрава средина за сите, но и кон поттикнување поголема одговорност кај секој еден чинител во општеството. Иницијативата Прајслес Планет ја поздравуваме и со големо задоволство можам да кажам дека сме навистина горди што Халкбанк АД Скопје е препознаена како рамноправен партнер во оваа глобална коалиција и возбудени сме што имаме прилика да го дадеме својот придонес не само локално, туку и надвор од нашите граници“, изјави Билал Суџубаши, Главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Коалицијата „ПрајслесПланет“ е лансирана во јануари 2020 година како одговор на големиот број пожари и елементарни непогоди кои ја зафатија нашата планета. Таа ги обединува напорите на потрошувачите, финансиските институции, трговците и градовите ширум светот за борба против климатските промени преку обновување на 100 милиони дрвја во текот на пет години, а во коалицијата членуваат и експертите за шумарство „Конзервејшн Интернешнл“ (CI, Conversation International) и Институтот за светски ресурси (WRI, World Resource Institute).

Од Mastercard велат дека преку коалицијата „ПрајслесПланет“ ја зајакнуваат нивната глобална мрежа на партнери и потрошувачи кои ја споделуваат посветеноста на компанијата да биде силата која чини добро во светот изаедно се обединуваат во акција која ќе создаде забрзано влијание за животната средина.

„Токму денес, нашата коалиција се проширува со нови глобални партнери од повеќе региони од целиот свет, како и еминентни експерти за животна средина кои ќе бидат дел од новиот Советодавен комитет. Халкбанк АД Скопје е засега единствената банка од нашиот регион што оваа година се приклучува кон коалицијата и среќни сме што оваа глобална иницијатива добива и локална препознаеност, односно преку локални партнери кои ќе имплементираат локални кампањи за животната средина, заедно ќе работиме на подигнување и на локалната свест. Ние како Mastercard остануваме посветени кон одржливо делување и во самата структура на нашиот бизнис, вклучувајќи ја тука и нашата стратегија за дигитални производи, но и кон вложување постојани напори за подигање на свеста и мобилизирање што повеќе луѓе и бизниси кон социјално добро и создавање почиста и поздрава иднина за сите нас“, рече Вања Манова, менаџер во Mastercard за Бугарија, Македонија, Албанија и Косово.

Инаку, како прва еко банка во нашата држава, Халкбанк во последните 8 години има финансирано повеќе од 6.000 еко проекти во износ од 36,6 милиони евра. Со тоа, емисијата на јаглероден диоксид досега е намалена за најмалку 37 илјади тони годишно, а со истите проекти се заштедени 130.000 MW/h електрична енергија. Како дел од еко заложбата на банката е воведена и „ХалкЕко“ платформата која преку мобилната апликација охрабрува физичка активност и формирање на здрави навики кај корисниците, така што на секои реализирани 80 километри пешачење, трчање или возење велосипед или тротинет, како кумулативна физичка активност на сите лица што ја користат апликацијата, Халкбанк засадува по едно дрво. Преку неа од нејзиното лансирање во октомври 2019 досега се засадени вкупно 6.252 дрвја, а емисијата на CO2 е намалена занад 54.931 килограми.

Mastercard е глобална технолошка компанија во индустријата за плаќања. Нивната мисија е да поврзат и обезбедат инклузивна дигитална економија од која ќе имаат корист сите и насекаде, правејќи ги трансакциите безбедни, едноставни, паметни и лесно достапни. Користејќи безбедни податоци и мрежи, партнерства и страст, нивните иновации и решенија им помагаат на поединците, финансиските институции, владите и бизнисите да го реализираат својот најголем потенцијал. Нивната мерна единица за пристојност, или DQ (Decency Quotient), ја поттикнува корпоративната култура на Mastercard и сè што тие прават внатре и надвор од компанијата. Со врски низ повеќе од 210 земји и територии, тие градат одржлив свет кој отклучува бесценети можности за сите.

*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV