19 Април, 2024
0.0279

ХалкБанк открива факти за филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – во фокусот наградите и наградените

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Цела Македонија а посебно Битола во периодов живее со Фестивалот Манаки. Најдобрите светски директори на фотографија низ годините продефилирале на фестивалот и овозможиле публиката да ужива во нивните магични филмски креации. Заради значењето што фестивалот го има за градот, државата, филмските љубители и воопшто за филмската уметност ХалкБанк е поддржувач на највредниот и најстариот фестивал во државата. За да цениме нешто повеќе треба да го запознаеме, затоа Халкбанк ги истражува најважните факти за овој фестивал.

1.  Фестивалот Манаки е најстариот фестивал во светот посветен на филмската камера, односно кинематограферите. Заради специфичната тема и концепт, е толку вреднуван и ценет во филмскиот свет.

2.  Иницијативата за една ваква манифестација произлезе спонтано на одбележувањето на 15 годишнината од смртта на Милтон Манаки на 5 март 1979 година. На комеморацијата по тој повод присуствуваа и Димитрие Османли, режисер на филм за Манакиеви, Ацо Петровски и Илинденка Петрушева од Кинотеката на Македонија, Александар Ѓурчинов, претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија, снимателите Киро Билбиловски и Мишо Самоиловски и Коста Крпач од „Вардар Филм“. Тогаш беше предложено Битола да биде организатор на една филмска манифестација во чест на големото Манакиево дело, така беа создадени Деновите на филмската камера – Милтон Манаки.

3.  Првите денови на филмската камера - Милтон Манаки беше одлучено да бидат организирани по повод отворањето на Битолскиот Универзитет на 24 април 1979, односно во склоп на оваа манифестација. Се одржаа од 23-25 април 1979 година во киното „Трудбеник“, како најсоодветното кино во градот.

4.  Главната и најинтересна програма на Деновите беше Вечер на снимателите – „МОЈАТА НАЈДРАГА КАМЕРА“ на која учесниците, познати сниматели од Југославија, беа претставени со нивните продукции од југословенската кинематографија.

5.  Златната камера 300 за животно дело првпат се воведува во 1996 година, и прв добитник на ова значајно признание е Милтон Манаки, постхумно. Наградата за животно дело, досега е доделена на 31 име од светската кинематографија.

6.  Специјална златна камера 300 за особен придонес во светската уметност се воведува во 2002 година, а заради мноштвото имиња од филмскиот свет кои што со својата работа ги збогатиле филмските достигнувања, на некои фестивалски изданија им била доделена на две или три значајни филмски имиња. Досега се врачени 24 вакви специјални признанија, а во 2017 година Специјалната златна камера 300 за особен придонес во светската уметност  му беше доделена на Милчо Манчевски.
9.  Годинешен лауреат на наградата„Златна камера 300“ за животен опус на 40 Интернационален фестивал на филмската камера Браќа Манаки е американецот Едвард, Лакман.
10.  Вториот лауреат на Златна камера 300 за животно дело оваа година е светски познатиот, француско-грчкиот великан, кинематрограферот Јоргос Арванитис. 

7.  На фестивалот Браќа Манаки свои премиери имале и македонските филмови и тоа во  2004 година  Големата вода, национална премиера, 2005 – Контакт, светска премиера, 2006 – Тајната книга, светска премиера, во 2010 година – Мајки, национална премиера, 2012 – Трето полувреме, светска премиера, 2012 – Балканот не е мртов, светска премиера, во 2013 година – Соба со пијано, светска премиера, во 2014 – До балчак, светска премиера, во 2014 – Деца на сонцето, светска премиера и во 2015 година светска премиера имаше македонскиот филм Лазар.

8.  Фестивалот континуирање расте и го збогатува значењето со воведување нови награди за валоризација на филмските работници и нивниот придонес во филмската уметност. Така во 2013 година е воведена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ замислена како признание за посебен придонес за македонскиот филм. Досегашни добитници на наградата се Кирил Ценевски, големата легенда на македонскиот филм, потоа Милчо Манчевски, по него Дарко Марковиќ, па Сајмон Пери, познатиот британски продуцент, кој стои зад филмот „Пред дождот“. Минатата година наградата ѝ беше доделена на Милица Стојанова, а годинешен добитник на наградата е композиторот Љупчо Константинов.


Можеби ќе ве интересира

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist