24 Април, 2024
0.0265

Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите”

Објавено во: Мои пари 16 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

На денешен ден, Халкбанк се стекна со сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ кој го доделува Организацијата на потрошувачите на Македонија врз доброволна основа.

Доделувањето на сертификатот претставува потврда дека Халкбанк е ориентирана кон почитување на правата на потрошувачите и дека посветено се грижи за задоволството на потрошувачите во сите области на дејствувањето.

Сертификатот „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ се доделува заради исполнетоста на критериумите во шест одделни области кои се битни за потрошувачите,  а се однесуваат на обезбедување точни, недвосмислени, разбирливи и навремени информации, примена на чесни пазарни практики, овозможена комуникација и пристап кон банката за различни категории лица, воспоставен систем за одговорно управување со поплаки од потрошувачите, како и едукација на потрошувачите и развој на финансиската писменост.

„Како што гласи и нашето мото „Важни се луѓето“ – луѓето се поставени во центарот на нашето  работење. Негуваме грижа за вработените, негуваме грижа за нашите клиенти и деловни партнери и негуваме грижа за заедницата во која работиме. Особено сме горди што можеме да се пофалиме со стекнување на сертификатот „Фер Финансиски услуги за потрошувачите“ кој претставува уште едно признание дека Халкбанк е банка на народот, банка која работи за граѓаните и нуди врвно банкарско искуство преку создавање на фер и долгорочни односи со клиентите. Како банка ќе продолжиме да растеме заедно со растењето на нашите ценети клиенти, ќе ги поддржуваме и ќе направиме да се чувствуваат како наши партнери. Ќе се трудиме да ја даваме најдобрата услуга на пазарот и ќе се трудиме да бидеме дел од креирањето успешни приказни”, изјави д-р Билал Суџубаши, Главен Извршен Директор на Халкбанк АД Скопје.

„Задоволство ни е да го поздравиме пристапувањето на Халкбанк кон процесот на сертификација. Во сите наведени области Халкбанк ги исполнува условите и се стекнува со сертификатот „Фер Финансиски услуги за потрошувачите“. Сертификатот ја верификува обврзаноста на Халкбанк да негува примерен однос кон потрошувачите, а со тоа да придонесува кон нивната доверба и задоволство”, изјави претседателката на ОПМ, д-р Маријана Лончар Велкова.

Сертификацијата се одвиваше врз основа на критериуми за верификација на исполнетоста на критериумите во наведените шест области, а е дел од ЕУ проектот за унапредување на заштитата на потрошувачите и застапување на нивните интереси во финансиските услуги. Проектот е спроведуван од ОПМ, а финансиран од oперативен грант од Програма за потрошувачи на Европската унија (2014-2020) преку Европската организација на потрошувачите (BEUC). 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!