24 Април, 2024
0.0273

Халкбанк со инвестиција од над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Објавено во: Мои пари 05 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Халк банка објавува дека преку кампањата „На наша сметка“, може да се дојде до ваучер од 500 денари за локалите клиенти на банката.

Како дел од својата заложба за поддршка на малите бизниси погодени од корона-кризата, Халкбанк продолжува со уште една кампања наречена „На наша сметка“ преку која дава директна помош на вкупно 133 локали од угостителскиот сектор низ целата територија на земјата.

Преку оваа кампања, која инаку ќе трае сѐ до 30 септември, сите нови или постоечки клиенти физички лица на Халкбанк, доколку станат корисник на некој од продуктите на банката, како: нов кредит, нов депозит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка, нова Mastercard кредитна картичка или пак трансакциска сметка со плата во Халкбанк, ќе добијат Mastercard дебитна картичка и вредносен ваучер од 500 денари кој ќе може да го искористат во еден од локалите кои се клиенти на филијалата од каде го подигнале ваучерот.

Филијалите, всушност, имаат обврска на секој нов или постоечки клиент кој ќе земе нов продукт во дадениот временски интервал, да му дадат вредносен ваучер од еден од локалите кои се на неговата листа. На овој начин, банката дава директна поддршка на локалните бизниси, на своите клиенти, но и на филијалите со кои тие работат.

„Малите бизниси се од големо значење за економијата, и кога тие страдаат, страда целата нашата држава. Во Халкбанк ја согледуваме и прифаќаме обврската да бидеме едни од поддржувачите на овие значајни деловни субјекти во кои е вклучен значаен број на работна сила и кои чинат значаен столб на нашата економија. Особено во време на пандемија, кога голем дел од нив беа принудени да ги затворат своите врати и директно сѐ уште ги трпат економските последици од здравствената криза, ние преку повеќе иницијативи и кампањи се трудевме да им помогнеме, со цел полесно и побргу повторно да го заживеат својот бизнис. Овој пат, со здружени сили со Mastercard, преку кампањата ‘На наша сметка’ даваме и поконкретна и позначителна помош на нашите локални клиенти, со инвестиција вредна повеќе од 25.000 евра.Искрено се надеваме дека со овој гест барем малку ќе успееме да придонесеме за зајакнување на нашиот угостителски сектор и ќе инспирираме дополнителна поддршка и од други“, изјави Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Кампањата почнува од 4 август, а сите заинтересирани нови или постоечки клиенти на Халкбанк, за добивање на вредносниот ваучер може подетално да се информираат во својата локална филијала.

Вработување за над 590 вработени;

Широка мрежа од 133 банкомати и над 7.000 ПОС-терминали достапни кај бројни трговски партнери;

Лидери во понуда на персонализирани банкарски услуги, како и во воведување на нови технологии и обезбедување на брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали;

Општествено одговорна компанија која е посветена кон зголемување на општото добро за луѓето, природата, средината, бизнисот, културата и спортот. 

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка