20 Април, 2024
0.0262

Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит - 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години

Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Станбениот кредит на Халбанк АД Скопје сега е со ново намалување на каматните стапки и уште подобри услови, со што клиентите добиваат извонредна можност да купат стан, куќа, деловен простор или да извршат рефинансирање на изложеноста во други банки по поволни услови.

Халкбанк АД Скопје на своите коминтенти им нуди можност да земат кредит во висина до 300.000 евра, со фиксна каматна стапка за првите 10 години која, за првите 5 години изнесува 2,9%, а за следните 5 години - 3,3%. За останатиот период на отплата, кој може да биде до 30 години, каматната стапка изнесува 4 фиксни процентни поени + променлива стапка на 6 месечен Еурибор.Овој производ е со ниска стапка на вкупни трошоци (СВТ) која за кредит во висина од 50.000 евра и рок на отплата од 30 години со понудените каматни стапки изнесува 3,54%. Кредитобарателот дополнително добива можност и за грејс период во отплатата до 12 месеци.

Кредитот е со задолжителна полиса за осигурување од незгода која е во износ од 1000 денари годишно за период еднаков на рокот на отплата на кредитот, и полиса за животно осигурување чија висина е во зависност од тарифата на осигурителот и индивидуалните параметри на кредитокорисникот.

Станбениот кредит од Халкбанк е без провизија за обработка и без трошоци за проценка. Единствен трошок се 200 денари за проверка во Кредитно биро на кредитната историја на кредитобарателот, кој се наплаќа само на одобрени кредити пред нивната исплата  и 150 денари за апликација за кредит. Обезбедување на кредитот е со хипотека на недвижен имот, меница и менична изјава.

Во случај на предвремена отплата на кредитот, доколку тоа се врши од сопствени средства, не се наплаќа надомест. При отплата со рефинансирање со кредит од друга банка се наплаќа еднократен надомест во висина од 3% од вредноста на предвремено отплатениот износ.

ПР-Објава

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!