29 Март, 2024
0.0253

Хан до младите од Македонија: Не грешете како вашите врсници од Британија кои не излегоа на референдумот

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, ги повика младите во земјава да не го бојкотираат референдумот за името кој треба да се случи оваа есен. Во спротивно, рече тој, може во Македонија да се случи нешто слично како Брегзит, кога биле донесени одлуки на штета на младите.

“Сакам јасно да кажам дека има силна меѓународна поддршка за оваа спогодба, која е важен придонес кон мирот и стабилноста за регионот, но и за цела Европа. Но, на граѓаните сега им останува на оваа држава да одлучат за иднината на својата земја. На крај, сепак се работи за нив. Вратата на ЕУ сега е ширум отворена. Вам ви останува да ја искористите оваа можност. Ги повикувам граѓаните да го искористат своето демократко право и да учествуваат во референдумот, особено младите. Младите во Велика Британија не учествуваа на референдумот за Брегзит и се донесоа одлуки кои не се во нивна корист. Младите треба да сфатат дека секој глас е важен. Важно е да се учествува и да се искористи демократското право. Се работи за вашата земја и за вашата иднина”, порача Хан.

Тој рече дека скрининг процесот е со цел да се подготви земјата за почеток на преговори кои би започнале во јуни следната година.

Хан испрати пораки и до опозицијата за национално единство и ги повикува сите засегнати страни конструктивно да се вклучат и да ја прифатат европската перспектива како надпартиска цел која ќе донесе опиплива корист и ќе ги подобри условите за живот на граѓаните во земјата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење