25 Април, 2024
0.3085

Хан и Рикер доаѓаат „на дебата“ за СЈО

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан доаѓа в четврток, додека в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и добропознат дипломат на овие простори Филип Рикер пристигнува в петок во Македонија на средби со лидерите од македонската политика.

Пристигнувањето на двајцата влијателни функционери се поклопува со денешниот поччеток на дебатата на новиот закон за иднината на СЈО на собраниска седница. Предлог-законот за јавното обвинитество во кое СЈО треба да се интегрира како Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција е на предлог на Владата. Премиерот Зоран Заев веќе најави дека очекува за истиот да се дебатира две недели.

Посетите коинцидираат со новонастаната ситуација поврзана со СЈО и влегувањето во Собрание на новиот предлог-закон за јавното обвинителство, така што не е исклучено да се примени и дипломатски притисок.

Лидерската средба по ова прашање која што ја иницираше Заев не се одржа минатиот петок откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одби да учествува, по што шефот на Владата истакна дека од решавањето на судбината на СЈО, чиј мандат завршува во септември, зависи и добивањето на Датум за преговори од ЕУ.


Можеби ќе ве интересира

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад