Хан за „Та неа“: Убеден сум дека може да се најде решение, но важен е квалитетот на договорот
Објавено во: Балкан 16 Мај, 2018
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, во интервју за грчкиот весник „Та неа“, изрази убеденост дека може да се постигне решение за името.
Toj ценува дека во Софија нема да биде одлучувачката точка за тоа дали ќе има решение, туку тоа што е важно во овој процес е квалитетот на договорот.
„Со оглед на напорите што ги вложија двете страни со посредство на претставникот на ОН, Метју Нимиц, убеден сум дека може да се најде решение. Дали тоа ќе се случи уште во Софија не е одлучувачката точка, тоа што е важно е квалитетот на договорот. Доколку е изводливо во Софија, ќе биде уште подобро. Но, најважна е одлучноста на двајцата лидери да стигнат до компромис прифатлив за двете земји. Решението не е добро само за Поранешната Југословенска Република Македонија, туку и за целиот регион“- вели Хан во интервјуто за „Та неа“.
Комесарот за проширување на ЕУ во интервјуто говори и за европската перспектива на Македонија и Албанија и напредокот што го имаат направено овие две земји.