ХАОС: Грција е оковaна во снежно невреме
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2021
Грција е окована во снежно невреме.
Поради студениот бран и снегот што ги донесе невремето „Леандрос“, основните училишта и градинките во неколку делови на Грција денеска се затворени, јави дописничката на МИА од Атина. Периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, донесе одлука, превентивно во неколку општини учениците да останат дома, а затворени ќе бидат училиштата и во планинските делови и во повеќе општини во северна Грција, како и во Солун и на островите Хиос и Лезбос. Целосно или делумно затворени се повеќе од 40 училишта и градинки во цела Грција поради потврден случај на коронавирусот. Учениците следат онлајн настава поради пандемијата и поради снежното невреме. Основните училишта и градинките, по двомесечен прекин повторно беа отворени минатиот понеделник.
Во регионот, Србија имаше пообемна снежна покривка деновиве. Во Македонија градот Битола имаше покривка од дваесетина сантиметри, но проблеми во нашата земја немаше.