Хаос на берзата: Само со еден твит ја крена цената на акциите
Објавено во: Економија 08 Август, 2018
Милијардерот, иноватор и сопственик на „Тесла“ Илон Маск направи радикален чекор.
Поради проблеми со акционерите, Волстрит, јавноста и аналитичарите околу финансиските резултати на „Тесла“, Маск реши да ја повлече компанијата од берза.
Тој својот план го најави со твит, па за кратко време, акциите од 340 долари, пораснаа на 380 долари. Наводно тој ќе ги откупи акциите од приватните акционери по цена од 420 долари и потоа ќе ја повлече компанијата од берзата и ќе ја направи повторно приватна. Со оваа одлука, акционерите имаат две можности, или нему да му ги продадат акциите или да ги задржат, но нема да може да тргуваат со нив.