ХАОС НА НЕБОТО: 100 авиони приземјени, се огласи и Боинг по падот на 737 Мах 8
Објавено во: Свет 11 Март, 2019
Кинеското цивилно воздухопловство им нареди на сите авио-компании да ги забранат привремено летовите на авионот боинг 737 Мах 8.
Овој потег следи по падот на еден таков модел во Етиопија вчера. Одлуката ќе биде на сила на девет часа.
Како што објасниле, се работи за безбедносна мерка бидејќи тоа е втора несреќа со истиот авион.
Инаку, забраната на Кина се однесува на 100 авиони, што е четвртина од глобалната флота.
Се огласи и компанијата Боинг која соопшти дека моментално нема основа за „издавање нови насоки за операторите врз основа на досега достапните информации во истражувањето на падот на боингот 737 макс.
Да потсетиме ....
Боинг 737 на „Етиопиан ерлајнс“ се урна непосредно по полетувањето од Адис Абеба и при таа прилика загинаа сите патници и членови на екипажот , вкупно 157 лица. Тоа е втора несреќа на новата верзија на најпродаваниот авион на американската компанија со човечки жртви во последните пет месеци.