Харадинај кажа колкава површина барала Србија од Косово
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2019
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека Белград барал од Приштина 950 квадратни километри територија во Косово.
„Темата за поделба веќе не е на маса, но Вучиќ сè уште ја користи поделбата. Тие ја вршат својата работа“, вели Харадинај за „Газета експрес“.
Харадинај изјави дека Србите ги координираат нивните настапи и дека на Косово му недостига координација.
„Тие играат добар и лош полицаец. Вучиќ е добар полицаец. Дачиќ е лош. Тие координираат, а ние не. Хашим го игра добриот полицаец, но против својата земја. Јас сум лошиот полицаец, но јас го штитам Косово”, изјави Харадинај, пренесе Бета.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по посетата на Њујорк изјави дека договор со Приштина може да се постигне за пет месеци, 50 години или никогаш.