Харадинај кажа што треба да направи Вучиќ за да се откажат од обединување со Албанија
Објавено во: Балкан 20 Јануари, 2021
Ако Србија го признае Косово, нема да има референдум за обединување со Албанија, му порача претседателот на Алијансата за иднината на Косово (ABK), Рамуш Харадинај, на српскиот претседателот, Александар Вучиќ.
Претходно, Вучиќ го нарече Харадинај опасна личност, изјавувајќи дека „се додека се чини дека е опасно за Србија и нејзиниот претседател, Косово е на добар пат“. Вучиќ рече дека формирањето на Голема Албанија е опасност за Србија, регионот и светот.
„Не плашете се, господине Вучиќ. Не мора да бидете нервозни. Косово го бара само она што му припаѓа“, напиша Харадинај на Фејсбук.
„Постои еден многу едноставен начин, а тоа е Србија да го признае Косово како независна држава“, напиша Харадинај.
Тој напиша дека Косово ќе продолжи со намерата да биде членка, како во НАТО, така и во ЕУ, но и во ООН.
„Хистеричната реторика нема да не запре во нашето право да ја дефинираме иднината на Косово“, рече Харадинај.
Тој објасни дека е општо познато дека неговата изјава и намера да се обедини со Албанија е резултат на постојаната небрежност на Брисел. Харадинај упати критики кон Европа. Ова не е прв пат да се спомена идејата за обединување на Косово и Албанија.