Харадинај вели дека Србија ќе го признае Косово
Објавено во: Балкан 19 Април, 2018
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека дијалогот со Србија ќе заврши со заемно признавање.
„Дојде време Владата да му достави на Собранието платформа за дијалог, која ќе биде усвоена како резолуција во косовскиот парламент“- рече Харадинај.
Тој најави дека за платформата ќе го информираат косовскиот претседател Хашим Тачи, кој го води политичкиот дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Претставниците на опозицијата во косовскиот парламент се спротивставуваат дијалогот да го води Хашим Тачи и бараат јасна платформа за дијалог.