24 Април, 2024
0.0291

ХАРИ КОСТОВ ЗА ФАКТОР: Очекувано е каматните стапки да одат по нагорна линија, Комерцијална банка ќе остане фактор на стабилност за партнерите и клиентите

Објавено во: Економија, Финансии 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Многу ризици и предизвици стојат на патот на светската економија - пандемијата, постојаните мутации на вирусот, слабата имунизација, растот на цените, енергетската криза... Иднта година по нагорна линија ќе одат и каматните стапки. Во годината пред нас македонската економија ќе продолжи да заздравува, но ќе останат и притисоците врз инфлацијата. Какви се впечатоците и очекувањата за 2022, Фактор и оваа година пренесува ставови на познати стопанственици и банкари.

Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управен одбор на Комерцијална банка, смета дека како ќе се справиме со кризата ќе зависи од самите нас, компаниите и граѓаните, колку тие ќе носат проактивни и разумни деловни политики и потфати. Комерцијална банка годинава ја завршува со награда и, според очекувањата, рекордна добивка, и останува фактор на стабилност и сигурност за клиентите и партнерите. 

„Перформансите на домашната економија во секој случај ќе зависат во голем дел од случувањата во глобалната економија. Очекувањата за економијата во 2022 година во светот се оптоварени со многу ризици и предизвици, кои во најголем дел се последица на присуството на пандемијата, засилена со постојани мутации на вирусот, од една страна, и бавната имунизација, од друга страна. На тоа треба да се додаде и значителниот пораст на цените на определени суровини, репроматеријали и готови производи, па и на прехранбените производи, и сѐ поизразената енергетска криза и порастот на цените на основните енергенси, што води до зголемување на инфлацијата на највисоко ниво во последнава деценија. Монетарните и фискалните власти ќе треба паметно и ефикасно да се справат со ризикот од продолжена инфлација и со потребата од продолжена економска поддршка за реалната економија за да се елиминира опасноста од продлабочување и усложнување на економската криза. Притоа, треба да очекуваме дека ќе дојде и до определено прилагодување на каматните стапки во нагорна линија. Впрочем, Банката на Англија деновиве веќе ја зголеми основната каматна стапка, американските ФЕД тоа го најавија за крајот на првиот квартал од 2022 година, а и ЕЦБ срамежливо го најави истото.

Факт е дека во 2021 година започна опоравувањето на македонската економија, но сѐ уште сме далеку од враќање во нормала. Проекциите на меѓународните финансиски институции и на Централната банка се дека во 2022 година ќе продолжи заздравувањето на македонската економија, но ќе останат и притисоците врз инфлацијата. Успешното справување со кризата зависи и од самите компании, па и од граѓаните, односно од подготвеноста да бидеме одговорни, проактивни и разумни во носењето на личните одлуки и деловните потфати. Особено е важно стопанските субјекти поголемо внимание и ресурси да посветат на потребата од сопствено преструктуирање, технолошки развој, зголемување на продуктивноста и конкурентната способност, а не главно да очекуваат помош и бизнис зделки од државата.

Комерцијална банка ја заврши 2021 година со уште една награда „Банка на годината во Република Северна Македонија“, доделена од реномираниот магазин The Banker, која ја добиваме втора година по реди девет пати досега. Ова признание доволно кажува за успехот во постигнатите финансиски резултати на Банката. Очекуваме Комерцијална банка да ја заврши годината со уште една рекордна добивка од своето работење, која е резултат не само на приходите од редовното работење, туку и на значителна наплата на спорни, сомнителни и отпишани побарувања и од продажба на претходно преземен имот за наплата на побарувањата.

Наградата е потврда и за клучната улога на Комерцијална банка во поддршката на економското закрепнување во земјава и за излегувањето во пресрет на потребите на клиентите. Банката остана фактор на стабилност за клиентите и за партнерите, понуди нови дигитални производи и услуги и се истакна со својата посветеност на градење поодржлив и поинклузивен свет.

Продолжуваме да работиме во интерес на потребите на нашите клиенти и остануваме посветени на нашата општествено одговорна мисија да придонесеме не само за одржливо опоравување на националната економија, туку и создавање подобар и поквалитетен живот за сите.

На вработените, акционерите, клиентите и на деловните партнери на Комерцијална банка им посакувам, пред сѐ, добро здравје. Да продолжиме да уживаме меѓусебна доверба, да веруваме и да се радуваме на заедничкиот успех.

За себе посакувам добро здравје, толку колку што е тоа можно во годините во кои старееме, добри резултати од работењето и повеќе слободно време за моето хоби“, вели Костов во својата новогодишна бизнис честитка до јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?