Хари Локвенец нов потпретседател на СДСМ?
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2019
Хари Локвенец се споменува како еден од можните нови потпретседатели на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, пишува „Независен“.
Според весникот, една од причините за негово назначување е и тоа што нема претставник од Прилеп во Извршниот одбор на СДСМ а единствено Дане Талески се враќа како секретар за меѓународна политика.
Според најавите, комплетирањето на раководството ќе биде по владината реконструкција. Се очекува Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зекири да ги задржат потпретседателските позиции.
Наводно, петтото потпретседателско место е „резервирано“ за жена, за што, според информациите, веќе било разговарано со личности од бизнис-секторот.