23 Јуни, 2025
0.0698

Хашим Тачи: Џафери е легитимен спикер, со новата влада ќе се реши кризата

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017 11:00

Добивај вести на Viber

Косовскиот претседател Хашим Тачи во интервју за хрватски „Национал“ задржувајќи се на политичката криза во Македонија вели дека изборот на Талат Џафери за претседател на Парламенот е почеток на решавањето на кризата.

Претседателот на Косово Хашим Тачи смета дека кризата во Македонија е пред својата разрешница и дека тука мора да истапат македонските политички фактори. За хрватскиот „Национа“ Тачи оценува дека Талат Џафери е легитимен спикер и додава дека многу брзо ќе биде формирана и новата влада.

- По сите случувања избран е претседател на Парламентот, Талат Џафери, кој е Албанец, но пред се она што сакам да го кажам е тоа дека јас верувам оти Македонија е мултиетничка и европска држава, каде никој не може да ја дискриминира албанската заедница. Тие имаат свои лидери кои делуваат во согласност со законите на Македонија. Да направам една споредба – Србите во Косово се само 3 отсто а имаат многу повеќе права од Албанците во Македонија, кои се над 30 отсто, вели Тачи, додавајќи дека се гордее со правата што ги уживаат Србите во Косово.

Косово, оценува понатаму Тачи, има многу добри односи со Македонија и додава дека крзата во Македонија е политичка а не етничка.

- Изворот на оваа политика крза е во Скопје, каде што е и решението, а не во Косово или некаде надвор од Македонија. Сакам да кажам дека врз тоа нема влијание никој од надвор. Ние нудиме целосна поддршка за членство на Македонја во НАТО и во ЕУ и секогаш ќе работите во изгрдбата на што подобри добрососедски односи, нагласува Тачи.


Можеби ќе ве интересира

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА: Србин спаси девојче од Македонија

На грчкиот остров Хиос евакуирани 15 населби

На грчкиот остров Хиос евакуирани 15 населби

Јованка Броз ја знаеме сите, но љубовниот живот на Тито бил многу побурен: Пред неа имал уште три жени

Јованка Броз ја знаеме сите, но љубовниот живот на Тито бил многу побурен: Пред неа имал уште три жени

ТУРИСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДУПРЕДЕНИ: Риба пајак се појавила во Неи Пори

ТУРИСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕДУПРЕДЕНИ: Риба пајак се појавила во Неи Пори

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ЗАКИНТОС СЕ ТРЕСЕ: Земјотрес од 4,8 степени удри во Јонското море

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

ХАОС И ЗА ВЛЕЗ И ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЗЕМЈАВА: Прешево и Богородица преполни со возила

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

(ВИДЕО) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО ХРВАТСКА, ОГНОТ ГОЛТА СЕ ПРЕД СЕБЕ: Туристите бегаат,морничави снимки пристигнуваат од познатото летувалиште

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

КУПУВАМ ВО МАРКЕТИ, ПА СИ ПОДГОТВУВАМ ОБРОЦИ: Туристите се шокирани од цените во Будва

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец

(ФОТО) НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Дрвја паднаа врз туристи, а гром удри во Германец