Хаваи во стапицата на Килауеа: Пепел на 3.700 метри!
Објавено во: Свет 16 Мај, 2018
Експлозиите во вулканот Килауеа на Хавајските острови се засилија вчера, а облакот од пепел над кратерот се издигнал на 3770 метри при што властите прогласија црвен аларм за опасност за авијацијата, соопшти Ројтерс.
Црвен аларм значи дека вулканска ерупција може да влијае на летовите во областа, исфрлајќи пепел кон воздушните патеки, според сајтот на американскиот геофизички институт, забележуваат агенциите.
Од ерупцијата на Килауеа пред 12 дена вулканска лава уништила 37 згради, повеќето станбени и предизвика евакуација на околу 2.000 лица.
Заканата од лава и пепел кои ги исфрла Килауеа, како и земјотресите овој месец, се создаваат огромни проблеми на властите и посетителите на Хаваите.