25 Април, 2024
0.0327

Hey Reilly ги оживеа ремек делата за Instagram генерацијата

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Миленикот на модниот свет, Hey Reilly, користејќи го Samsung Galaxy Note 10+ им даде нов изглед на некои од најпознатите класици во уметноста. Легендарните дела на Ван Гог, Ботичели и Да Винчи повторно оживеаја во 21. век, станувајќи дел од дигиталната колекција во целост прилагодена за Instagram генерацијата.

Дигиталните ремек-дела опфаќаат: ‘Селфи портрет’, ‘Дама со мопс-жаба’, ‘Мистериозната насмевка’, ‘Девојката со црвениот нос’ и ‘Венера од Насмевката’, кои се достапни овде за преземање: https://www.penup.com/intro#intro


Reilly, кој работи на моден дизајн и илустрации, е еден од најистакнатите дигитални уметници на денешницата и е препознатлив по спојувањето на модата со ликовната уметност, а неговите дела се наоѓаат во кампањите на врвни брендови, како што се Moncler, Calvin Klein, Nike и Vogue Italia.

Користејќи ги своите профили на социјалните мрежи како изложбен простор, Reilly има за цел да ги доближи овие слики до генералната публика, како и да ги инспирира неговите следбеници да го преиспитаат поимот за уметност и начинот на којшто таа денес се создава, споделува и консумира. Во прилог на тоа говори и фактот што хаштагот #art на Instagram, само во 2019. година, е искористен повеќе од 334 милиони пати. (https://metricool.com/hashtags-on-instagram/)

„Мојот Instagram профил е како галерија каде ги споделувам моите дела, а Note10+ конечно ме ослободи од мониторот и маусот, така успевам целиот процес да го подигнам на повисоко ниво. Хуморот е составен дел од мојата уметност и доколку оваа колекција го натера некој да застане и да се насмее, јас ќе бидам многу среќен човек.“, истакна Hey Railley.

За време на целиот креативен процес користен е Samsung Galaxy Note 10+, а Reilly во таа прилика ги тестираше и - S Pen пенкалото, мултифокалната камера, функцијата за AR Doodle, професионалниот софтвер за уредување на видео содржини, батеријата која брзо се полни и 1TB интерната меморија.

„Galaxy Note е омилен меѓу корисниците затоа што ги спојува моќта на продуктивноста со уникатните функции создадени за да ја поттикнат креативноста и иновативноста.“, рече Милан Вујовиќ, директорот на одделението за адвертајзинг и корпоративна комуникација во компанијата Samsung Electronics.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет