24 Април, 2024
0.2237

ХОЏА: ФАКТОР ИГРА ВАЖНА УЛОГА МЕЃУ МЕДИУМИТЕ, економијата е зависна од странските пазари, тоа не прави поранливи

Објавено во: Економија 30 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Севернозападна Македонија (СКСЗМ)


Нашата комора е позната по тоа што нашите ставови секогаш се навремени и доаѓаат директно од компаниите кои се наши членки, што ги прави нашите ставови точни, непристрасни и покажуваат врвен професионализам и независност. Тоа е клучен елемент во креирање релации на соработка и добри институционални односи со професионалните медиуми кои работат и ја вршат со стандарди и етички принципи. СКСЗМ и нејзините претставници имаат добри релации со сите медиуми без исклучок, но секако дека и во секторот на медиумите има пионери кои што сметаме дека ја прават разликата во насока на унапредување на социјалниот аспект преку нивната секојдневна работа, и секако дека еден од тие пионери е и Фактор.мк. Јас како претседател на СКСЗМ верувам дека Фактор.мк игра важна улога во светот на медиумите, особено за тие кои сакаат да постигнат нови нивоа на професионализам, бидејќи во денешницата важи за еден од најрелевантните информативни медиуми во нашата земја, но и пошироко.

Сепак сметам дека особено во кризен период, соработката со нашата комора, но и другите комори треба да се зголеми бидејќи нашето секојдневие е кризата и проблемите со кои нашето општество се соочува секојдневно. И имајќи го предвид нашето искуство, периодот кој следи ќе биде тежок бидејќи кризата полека, но сигурно удира по синџирот на снабдување и ги има покачено цените во рекордно ниво, а за жал, доколку институциите не преземаат соодветни мерки, оваа криза ќе ескалира.

Главната тема на нашите институции и чинители во овој период но и следните години, треба да биде енергетската независност, но и трансформација на потрошувачката на енергијата која треба да биде во хармонија со модерните еко стандарди со цел да се научат граѓаните и општеството во целост со навики кои нема да трошат повеќе од потребното. Истотака, иако во последните години сме истакнале дека нашата економија е зависна од странските пазари во секој аспект, и токму ова е тоа што не прави поранливи во периоди на кризи како што е ова се енергетската криза и конфликтот во Украина, Ковид 19, невработеноста, слабата конкурентност на нашите компании, недоволниот извоз во споредба со увозот, и секако миграцијата на работната сила.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска