19 Април, 2024
0.0290

Хојт Ји: Пратениците кукавички беа нападнати, време е да се формира нова влада

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По завршувањето на средбите со сите политички лидери заменик државниот секретар на САД Хојт Брајан Ји ги испрати главните пораки пред медиумите со кои жестоко ги осуди нападите во Собранието и порача дека сега мора да се формира нова реформска влада, јавува НОВА.

– За жал, политичките лидери не беа во можност да формираат влада по изборите кои се признаени од целата меѓународна заедница. Уште позагрижувачки се последните инциденти во Парламентот, каде пратениците беа кукавички нападнати само затоа што одбраа нов собраниски спикер, изјави Ји, кој ги повика властите да ги истражат нападите и виновниците да одговараат.

– Веруваме дека важно е политичките лидери да ја сфатат сериозноста и да најдат начин, мнозинството во Парламентот да одбере влада. Ги разбираме грижите, а целата програма на Владата треба да се дебатира во Собранието, а не надвор од него. Чувствуваме дека е важно земјата да биде обединета и да има нова влада која ќе работи на реформите, порача Ји.

Тој го повтори ставот на САД, дека ќе работат со новиот собраниски спикер Талат Џафери, и потенцираше дека истото го соопштиле и ЕУ, НАТО и официјален Берлин.

– Треба да се даде шанса овој процес да продолжи со формирање влада, да се има програма, рече Хојт Ји меѓу другото.

Како што рече тој, жали што прогресот на земјата бил во застој поради политичката криза, но дека САД и понатаму останува посветен за интеграција на Македонија во Европа, како и на целиот Западен Балкан.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата