20 Април, 2024
0.0273

Холандски весници: Руски и кинески хакери ја нападнаа Европската агенција за лекови

Објавено во: Свет 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Руска разузнавачка агенција и кинески шпиони стојат зад минатогодишниот хакерски напад врз Европската агенција за лекови (ЕМА), објави холандскиот весник „Де Волкскрант“, повикувајќи се на извори блиски до истрагата, пренесе Индекс.хр.

Европската агенција за лекови, со седиште во Амстердам, во декември извести за хакерски напад во кој беа украдени документи за вакцини и лекови против ковид 19, кои протекоа и на Интернет.

Руското Министерство за надворешни работи не одговори на барањето за коментар во саботата, но обвинувањата за хакерство од Москва постојано беа негирани.

Кинеското Министерство за надворешни работи исто така не беше достапно за коментар, а Пекинг претходно изјави дека силно се спротивставува на сите форми на хакерски напади.

ЕМА започна истрага со холандските и европските судски власти, но досега не даде детали за тоа кој може да биде одговорен за нападите.

Холандскиот весник Де Фолксрант објави денес дека ЕМА е мета на кинески шпиони од првата половина на 2020 година, а подоцна во текот на годината стана и мета на руските разузнавачи.

Кинезите добија пристап со хакирање на германскиот универзитетски систем, се вели во извештајот на весникот, додека Русите наводно ги искористиле недостатоците во двостепениот процес на најавување на корисниците на ЕМА и другите видови на одбрана од хакерски напади.

Наводните руски хакери имаат пристап до системите ЕМА повеќе од еден месец, изјавија извори за Де Волкскрант.

Тие главно беа заинтересирани за тоа кои земји би ја користеле вакцината против ковида-19 развиена од Фајзер и колку дози би купиле, додаде холандскиот весник.

Фајзер и Бионтек објавија кратко време по откривањето на првиот хакерски напад врз ЕМА дека биле достапни документи во врска со нивната вакцина.

Можеби ќе ве интересира

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

РУСИЈА ЈА УНИШТИ ЕНЕРГЕТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА: Скоро 200.000 луѓе во Харков се без струја

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

ЦУК: Oд Унгарија со хеликоптер е донесен наш државјанин кој доживеал мозочен удар

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

АРГЕНТИНА ГИ ЈАКНЕ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДОТ: Сака да биде партнер на НАТО

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ЗА ТРИ ГОДИНИ: Триста илјади Полјаци од странство се вратиле дома

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ИМААТ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ВОЈНИЦИ: САД ја повлекуваат војската од Нигер

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ДЕТЕ ВО ТЕКСАС СЕ ЗАКАНУВАЛО НА СОУЧЕНИК: Во полиција открило дека пред две години убило човек

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

ЗАГИНА ПРИ НАПАД СО ДРОН: Во Украина е убиен руски новинар

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

(ВИДЕО) УКРАИНА ГО ГАЃАШЕ БЕЛГОРОД: Загинаа две лица

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено

ГАЗА: На секои 10 минути едно дете е убиено или повредено