Холивуд по филмот за чилеанските рудари, ќе снима и за тајландските момчиња
Објавено во: Свет 10 Јули, 2018
Холивудските продуценти Мајкл Скот и Адам Смит пристигнаа на Тајланд, каде во тек е спасувачката акција на децата кои со недели беа заглавени во пештера. Се верува дека ќе се снима уште еден филм за спасувачка сага, по оној за чилеанските рудари кои 70 дена беа зарбоени во окното во 2010-та година.
Би-Би-Си пренесе дека продуцентите веќе разговараат за можен филмски проект. Тие очекуваат дека на местото на настанот ќе пристигнат и други продукции, па велат дека мора да бидат брзи.
Денеска продолжува спасувањето на последните четири момчиња од пештерата и нивниот тренер. Властите веруваат дека ќе успеат да ги извлечат сите во текот на денот, со што ќе стават крај на мисијата. Во акцијата учествуваат нуркачи и тимови од целиот свет.