29 Март, 2024
0.0242

Холивудскиот шармер ќе се жени со три децении помлада девојка

Објавено во: Стил 15 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Познатиот холивудски актер Ричард Гир кој во 90-тите беше голема ѕвезда со повеќе филмски хитови меѓу кои и „Убава жена“, реши по трет пат да се жени, овој со девојката Александра Силва, која е дури 34 години помлада од него. 

Ричард Гир зад себе има два пропаднати бракови, а со со Силва се запознал пред три години кога се уште бил со втората сопруга. Тој во последните десетина година не успева да добие позначителни улоги на филмското платно, па така и поретко е мета на американските таблоидни списанија.

Свадбата на Ричард Гир и Александра Силва е закажана за 5 мај во Вашингтон.