Хотел ќе згрижи бездомници за Божиќ
Објавено во: Свет 18 Декември, 2018
Англиски хотел понуди соби за 28 бездомници за Божиќ.
За нив ќе има и божиќна вечера.
Хотелот „Даблтри” во градот Хал обезбеди соби за 28 бездомници за Божик, откако им е откажано претходно договореното сместување.
Група бездомници требаше да отседнат во хотелот „Ројал” во Хал, но хотелската управа се повлече од договореното, објаснувајќи дека биле информирана дека бездомниците лани направиле штети додека престојувале во хотелот „Ибис”.
Проектот за бездомници „Рејз д руф“, соопшти дека наводите се „лажни”, а и „Ибис“ го негираше тврдењето.
Карл Симпсон, кој работи во организацијта „Рејз д руф“, за Би-Би-Си изјави дека резервирале 14 двокреветни соби за 28 луѓе и дека се надева дека ќе биде постигнат успех како и минатата година во хотелот „Ибис“.
Хотелски синџир „Ибис“ во својата изјава наведе дека „може да потврди“ дека прифатиле бездомничка група на две ноќи минатиот Божиќ, во рамки на проектот „Рејс д руф“ и дека организаторите сметале оти нивниот престој е многу успешен.
„Ибис“ во соопштението наведува оти не информирал дека гостите направиле сериозни проблеми, како што се пожар или кражба.
Еден од бездомниците, кој минатата година бил во хотелот “Ибис”, за Би-Би-Си изјави дека тоа му бил најдобриот божиќен подарок што можел да го добие.