29 Јули, 2021
0.0238

Хотелиерите реагираат: Бројот на ваучери за туризам е премал

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2021

Комората на хотелиери ХОТАМ реагира дека буџетот одреден од Владата за туристички ваучери од 200 евра за оваа летна сезона е премал и дека ќе го добијат само 1.250 семејства кои имаат месечни приходи не поголеми од 30.000 денари.

Хотелиерите бараат од Владата да ја преиспита одлуката за буџет од само 15 милиони денари и истиот двојно да биде зголемен. Од таму велат дека лани на располагање имало 100.000 ваучери. 

- Бенефитот е нула кога ќе се земат во предвид сите давачки и пандемиските загуби од кои не можеме да дигнеме глава, гласи реакцијата на Крсте Блажески, претседателот на ХОТАМ.

Од таму додаваат дека единствената државна помош до сега  биле платите за работниците, на кои требало да се доплаќаат придонесите.

- По тоа може да се види колку пари точно се дадени од државата за помош на овие сектори,а колку се дадени за помош на други сектори кои правеле многу поголеми профити.Заради тоа беше побарано да се дадат поголем број на ваучери и вредноста на тие ваучери да се зголеми, додава Блажески.

Можеби ќе ве интересира

Блиску сме до просечна плата од 500 евра, тврди Шахпаска

Блиску сме до просечна плата од 500 евра, тврди Шахпаска

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Генерали Инвестментс излезе со известување за промена на Депозитарна банка

Генерали Инвестментс излезе со известување за промена на Депозитарна банка

НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години

НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗФ СРБИЈА СТАНАА РЕАЛНОСТ - директорот се пофали со три години успешна приказна

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗФ СРБИЈА СТАНАА РЕАЛНОСТ - директорот се пофали со три години успешна приказна

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

ИНТЕРВЈУ СВИЛАНОВИЌ ЗА ФАКТОР: На бизнисот не му требаат совети, туку вмрежување, олеснување на давачките и решителна поддршка од владите

ИНТЕРВЈУ СВИЛАНОВИЌ ЗА ФАКТОР: На бизнисот не му требаат совети, туку вмрежување, олеснување на давачките и решителна поддршка од владите