28 Март, 2024
0.0264

HR експерти од земјата и регионот на годинешната конференција за човечки ресурси

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР) оваа година ќе ја организира 10тата, јубилејна годишна конференција за човечки ресурси. Темата на која ќе излагаат експертите е „Од менаџмент со човечки ресурси -  до почитување на луѓето“ (From HR to RH – Respect for Humanity) и во рамките на истата ќе се дискутира од повеќе аспекти и различни сектори и индустрии. Организаторот најавува присуство на истакнати експерти од оваа област, како и универзитетски професори од Италија, Португалија, Словенија, Унгарија, Грција и Австрија, кои ќе ги пренесат искуствата и практиките од другите земји. Основната цел е развој и промовирање на добрите практики во професијата управување со човечки ресурси, како и подигање на нивото на свеста за значењето на оваа професија за секоја компанија и за бизнис климата во целина.

Конференцијата за човечки ресурси, на која секоја година има повеќе од 300 учесници, претставува можност да се научат нови практики, вештини, како и напредни знаење од светски компании и трендови кои преку експозеа и студии на случај ги пренесуваат странските експерти, што дава и поттик и мотивација за внесување на човечките ресурси и во нашите компании. Тоа е и место на кое се сретнуваат понудата и побарувачката на услугите во овој сегмент и дава можност за воспоставување контакти и обнова на постоечките, размена на знаења и совети со колеги од други организации.

На конференцијата, исто така, повторно ќе бидат доделени награди во рамките на изборот за најдобар HR менаџер којшто првпат беше организиран во 2014 година, а чија цел е да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Оваа награда е признание и за организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси како една од носечките алки во делувањето на организацијата.

Македонската асоцијација за човечки ресурси која е главен организатор на конференцијата инаку е стручно, невладино, непартиско и непрофитно здружение на граѓани чија основна цел е развој на работната сила, промоција и унапредување на професијата управување со човечките ресурси, како и подигање на свеста за значењето на оваа област за секоја компанија. Oваа година организацијата на настанот е во партнерство со компанијата Вработување.ком.

Пријавувањето за годишната конференција што ќе се одржи во мај, веќе е во тек а за сите заинтересирани повеќе информации сe достапни на линкот.


Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира