20 Април, 2024
0.0263

Храната го поскапе животот во Македонија?

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Трошоците на живот лани во земјава пораснале за 1,5 отсто, а цените на мало за 2,7%. 

Кај дел од намирниците има покачување на цените. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на живот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, изнесува 99,8, а индексот на цените на мало 99,5.

Индексот на трошоците на животот во 2018 година има пораст од 1,5 отсто, а индексот на цените на мало е со раст од 2,7  отсто во споредба со 2017 година. 

Пораст на индексите на трошоците на животот во 2018 година е забележан во групите: Транспорт за 7,5 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,5, Рекреација и култура за 2,4, Ресторани и хотели за 1,9, Храна и безалкохолни пијалаци, Мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,8, Здравје и Комуникации за 0,7, а Останати стоки и услуги за 0,5 отсто.

Намалување на индексите е забележано во групите: Облека и обувки за 0,4 отсто и Образование за 0,1 отсто, додека групата Домување, вода, електрика, гас и други горива е на ниво од претходната година.

Пораст на индексот на цените на мало,  во 2018 година е евидентиран во групите: Услуги за 3,7 отсто, Земјоделски производи за 3,6, Непрехранбени индустриски производи и тутун за 2,5, и Индустриско-прехранбени производи за 0,8 отсто. Групата Пијалаци е на ниво од претходната година.

Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, вo споредба со декември 2017 година, има пораст од 0,9 отсто, а индексот на цените на мало забележа пораст од еден отсто. Индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во однос на претходниот месец, пак, забележа намалување од 0,2 отсто.

Според Државниот завод за статистика, намалувањето на индексите на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 3,3 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 0,9, млекото за 0,8, трбушките за 0,7, другите прехранбени производи за 0,6, јајцата за 0,5, другите пекарски производи, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, и кај маслото и маснотиите за 0,2 отсто.

Во декември 2018 година, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 6,8 отсто, течните горива за домаќинствата за 12,5, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 10,6, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,6, информатичката опрема за 1,9, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ата, филмовите за еден, книгите за 1,5, автомобилите за 1,4, опремата за спорт, кампување и рекреација во природа за 0,9, другите медицински производи за 0,3, и кај материјалите за одржување и поправки на станот, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во декември 2018 година, во споредба со претходниот месец, имало кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,6 отсто, рибата и морските плодови, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7, сирењето и урдата за 0,5, лебот и житата за 0,4, и кај другите преработки од месо, јогуртот за 0,2 отсто.

Во декември, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 3,9 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 2,1, градините, растенијата и цвеќињата, туристичките пакет-аранжмани за 1,3, парамедицинските услуги за 0,9, теписите и другите покривки за под, другите лични предмети за 0,8, обувките, телефон и телефакс-опремата за 0,7, големите електрични апарати за домаќинствата, малите електрични апарати за домаќинствата, услугите за сместување, услугите за лична хигиена за 0,5, мебелот за домаќинствата за 0,4, и кај лековите, терапевтските помагала, резервните делови и опремата за сопствен превоз, ресторани и хотели за 0,2 отсто.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите