Хрватите со триумф над Англија, одат во финале
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2018
Со гол на Манџукиќ во второто судиско продолжение Хрватска со 2-1 ја победи Англија и за прв пат во својата историја ќе игра во финале на Светско првенство.
Хрватите ќе играат против Франција и ќе се борат за големиот пехар
Англија ја диктираше играта, а Хрватска не направи ниту една посериозна шанса за гол во првото полувреме. Таква беше играта и на почетокот од вториот дел но се се промени во 68. минута. Во 72. минута Иван Перишиќ се избори за одлична позиција, биеше но ја погоди стативата. Топката дојде до Ребиќ кој беше во убава позиција, но неговиот удар го одбрани Пикфорд. Хрватска беше многу подобра до крајот на регуларните 90 минути, но не успеа да дојде до нов погодок и натпреварот имаше продолженија. Хрватите надминаа генерацијата од 1998 година и се пласираа во финалето на Светското првенство.
Eуфорија има на улиците на Хрватска каде се слави.