Хрватка може да го замени Хан
Објавено во: Балкан 08 Септември, 2019
Хрватка може да го земени еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.
Порталот Европски западен Балкан, кој се повикува на извори во Брисел, соопшти дека Дубравка Шуица, членка на Европскиот парламент од Хрватска, ќе биде номинирана за местото комесар за проширување во Европската комисија на Урсула фон дел Лајен, што не е официјално потврдено.
Шуица е членка на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) од 1990 година, во која беше и потпретседателка, а градоначалничка на Дубровник беше од 2001 до 2009 година.
Таа од 2013 година е членка на Европскиот парламент, а беше и членка на делегацијата на ЕП за односи со БиХ и Косово.
Составот ќе мора да го одобри Европскиот парламент во целост, по сослушувањето на секој кандидат за комесар пред надлежниот одбор. Мандатот ќе почне на 1 ноември 2019 година.