Хрватска ги влоши односите со сите соседи?
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2017
Хрватска се соочува со своевидна верижна реакција на влошување на дипломатските односи со сите соседни држави, пишува сплитскиот весник „Слободна Далмација".
„Ако во поранешна СФРЈ за слични состојби беше популарна изреката дека земјата се наоѓа во опкружување исполнето со „грижи", денес може да се заклучи дека ниту Хрватска не заостанува премногу со „грижите" и покрај значително помалата територија“- наведува весникот.
„Слободна Далмација" потсетува дека набрзо по затегнувањето на односите со Словенија поради хрватското неприфаќање на одлуката на Арбитражниот суд за граничниот спор, Загреб западна во циклус на размена на дипломатски ноти со Србија поради поставувањето на плоча со усташкиот поздрав во некогашниот логор Јасеновац и палењето на примероци на гласникот на српското малцинство во Хрватска, „Новости".
Односите со Босна и Хервеговина се влошија поради препикувањата во врска со изградбата на мостот кај Пелешац, но и поради тврдењата од Загреб дека постои опасност за ширење на исламскиот радикализам од БиХ кон Европа.
Црна Гора испрати протестна нота до Хрватска поради поставувањето на споменикот на „хрватскиот емигрант со терориситчко минато" Миро Барешиќ, кој во Шведска е правосилно осуден за убиството на црногорската икона од антифашистичката борба Владимир Роловиќ.
Весникот пишува дека кон спиралата на нагативизмот во опкружувањето неодамна се приклучи и Унгарија, поддржувајќи ја Словенија во блокирањето на приемот на Хрватска во Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).