Добивај вести на Viber
Хрватска е лидер во регионот кога се во прашање мултимилионерите. Ова го потврди неодамнешната анализа на „World Wealth Report“( WUWR )2012-2013 во која се проценува дека во Хрватска има 260 мултимилионери, а исто толку има и во Чешка. Според критериумите на WUWR, мултимилионер е секој кој поседува богатство од над 30 милиони долари.
Во Србија има 90 мултимилионери со вкупна актива од 11 милијарди долари, со што земјата се најде на 29-то место од 45 европски земји.
Во Босна и Херцеговина живеат 85 милионери, а Црна Гора има само 21 мултимилионери тешки две милијарди долари.
Според извештајот, земја со најмногу мултимилионери во Европа е Германија, дури 15.770 мултимилионери.
Вкупното богатство на приватните домаќинства во светот во 2012 година, изнесуваше 135, 5 билиони долари, што значи и пораст од 7, 8 проценти. Вкупното богатство на приватни лица во светот 2011-та е зголемено за 7, 3 отсто, а 2010-та за 3, 6 отсто, што покажува дека забрзан тренд на зголемување на богатството.
Истражувањето на американските финансиски експерти покажа дека богатството најмногу расте во т.н. светот во развој или "новиот свет", каде според нивната класификација влегува покрива целиот азиско-пацифичкиот регион (со исклучок на Јапонија), Источна Европа и Латинска Америка.