22 Јуни, 2018
0.3896
    ALK 8331.04    0.37%     BESK 9899    1.01%     COMA 306    0%     GRNT 848.09    2.11%     KMB 5322.64    1.79%     MPT 43620.21    5.11%     MTUR 4790.91    1.94%     OHB 6376.92    -0.37%     OKTA 4747    9.98%     POPK 15    7.14%     RMDEN16 95.5    0%     RMDEN17 95.6    0.21%     RZLV 82.6    1.98%     RZUS 149.5    6.03%     STB 981.83    1.27%     STBP 896.62    0.28%     STIL 153.87    3.97%     TETE 2299.91    0.45%     TNB 13946.7    1.16%     TPLF 1113    -9.95%     TTK 1030.25    2.55%     UNI 2618.83    8.01%     ZILU 262.98    2.73%

Хрватска ја сопре екстрадацијата на Морина кој предизвика инцидент со дрон

Објавено во: Балкан 12 Август, 2017

Албанскиот навивач Исмаил Морина барем засега се спаси од екстрадиција во Србија бидејќи Врховниот суд на Хрватска ја укина првостепената одлука на судот во Дубровник Тој на натпреварот на репрезентациите на Србија и Албанија во Белград оперираше со дрон со знаме на „Голема Албанија“ по што настана огромен инцидент.

Според оваа одлука на судот, Морина останува во притвор, до новата одлука за молбата на Србија за негово екстрадирање.

Во соопштението на Врховниот суд на Хрватска се прецизира дека оваа одлука е донесена на вчерашната седница, одржана по повод жалбата на адвокатот на Морина, но дека одлуката е укината по службена должност заради битни повреди на одредбите од хрватскиот Закон за кривична постапка.

Врховниот суд на Хрватска смета дека не е јасно за кое дело било одобрено екстрадирањето во Србија, односно дека заради оваа неразбирливост не може да се испита исполнетоста на низа услови за екстрадиција.

Општинскиот суд во Дубровник, каде Морина се наоѓа во притвор од апсењето по потерницата од Србија, му е наложено од страна на Врховниот суд да ги отстрани сите процесни недостатоци и да донесе нова одлука.

Жалбата на адвокатот на Морина не била разгледана, бидејќи одлуката била укината по службена должност.

Србија го бара предавањето на Морина заради кривично дело предизвикување верска, расна и национална омраза.

Против него е во тек истрага и во Вишото обвинителство во Белград. 


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО+ВИДЕО) ПОТОП ВО САРАЕВО: Колапс во сообраќајот

(ФОТО+ВИДЕО) ПОТОП ВО САРАЕВО: Колапс во сообраќајот

Ципрас конечно стави вратоврска - има ли причина да слави?

Ципрас конечно стави вратоврска - има ли причина да слави?

Ивица Дачиќ ни праќа за амбасадор контроверзен човек на УДБА?

Ивица Дачиќ ни праќа за амбасадор контроверзен човек на УДБА?

Која е жената која на избори ќе се трка со Ердоган?

Која е жената која на избори ќе се трка со Ердоган?

Kога Грција ќе испрати писма до ЕУ и НАТО?

Kога Грција ќе испрати писма до ЕУ и НАТО?

(ВИДЕО) Возила пловат по улиците, Србија погодена од силно невреме

(ВИДЕО) Возила пловат по улиците, Србија погодена од силно невреме

Претседателот на романската владеачка партија доби казна затвор

Претседателот на романската владеачка партија доби казна затвор

ПОСТАВЕН УЛТИМАТУМ НА ЦИПРАС: Проширено мнозинство за договорот со Скопје или владата ќе падне!

ПОСТАВЕН УЛТИМАТУМ НА ЦИПРАС: Проширено мнозинство за договорот со Скопје или владата ќе падне!

Грчки политичар ги советува Грците да го прочитаат Договорот

Грчки политичар ги советува Грците да го прочитаат Договорот