Хрватска нуди работа од соништата: Работа на остров, плата и голем бонус-заинтересирана само Македонка
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2019
Во Сучурај, на Хвар, оглас за работа на лекари од општа пракса трае веќе половина година, пишуваат хрватските медиуми.
Покрај плата и стан, општината нуди и примамлив бонус. Од Хрватска на огласот не се јавил никој. Единствена заинтересирана за работа е лекарка од Македонија.
Амбулантата во Сучурај на островот Хвар е празна. Нема пациенти, бидејќи нема ни лекари. Медицинската сестра е сама . И не и е прв пат во 37 години работен стаж.
Три пати неделно на два - три часа доаѓаат лекари од Јелса. Тоа е превентивна мерка, која трае повеќе од половина година. Толку трае и огласот за лекари, на кој покрај плата и бесплатен стан, општината нуди и бонус од 6 728 евра годишно.
До ден денешен никој не дошол, но имаме најава дека би можела да ни дојде лекарка од Македонија, кога се средат документите. Значи, никој од Хрватска не сака во Сучурај-рекол началникот на општината Иван Славиќ за ХРТ.
Најблиската итна помош е во Јелса, до неа има 53 км. Патот е лош. Жителите велат дека ова не е прва приказна, има и други мали места на островите и Загорје. Лекари ни за лек, пишуваат хрватските медиуми.