Хрватска поставува услови за Србија која се стреми за влез во ЕУ?
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2018
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вели дека Хрватска нема намера да ѝ попушта на Србија само поради Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан.
Премиерот на средбата со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер изјави дека неговата Влада е проевропска и за развивање на добрососедски односи и помош на сите соседи на патот кон реформите и ЕУ.
Пленковиќ вели дека со Србија имаат две нивоа на односи.
„Едните се актуелните и идните, а другите се во врска со минатото. При посетата на Александар Вучиќ сите теми ги ставивме на маса и пронајдовме методологија како да разговараме за нив. Тука спаѓаат и прашањата за процесуирање на воените злосторства, границите и воената отштета. Не е важно дали тоа се делови од Стратегијата, тоа се работи кои Хрватска ги решава. Само со вистината и со заклучување на тие процеси може да одиме кон помирување и кон соработка“- изјави Пленковиќ.
Јункер посетата на Вучиќ на Загреб ја оцени како интересна. Тој вели дека во Европа секогаш треба да се има трпение.