Хрватска се покажа: Притвор за двајца напаѓачи на ватерполистите

Објавено во: Балкан 12 Февруари, 2019
Двајца 25-годишни хулигани се во притвор, а третиот е пуштен да се брани од слобода по вербалниот и физички напад на четворица млади ватерполисти на ривиерата во Сплит минатата недела, кога едниот од нападнатите дуи мораше да скокне во морето и таму да чека додека не дојде полиција.
На напаѓачите им е одреден истражен затвор од 30 дена бидејќи се осомниченио дека ги нападнале со ладно оружје спортистите само поради тоа што носеле тренерки со симболи на Црвена Ѕвезда.
Ватерполистите додека пиеле кафе биле нападнати со тупаници, клоци и палки, а од едниот од нив било побарано да го предаде клубскиот дрес, се вели во полицискиот извештај.
На оној што што скокна в море, Александар Краљ, му биле упатувани погрдни зборови и закани со мавтање на нож.
Кривичната истрага трае додека не се пронајдат уште двајца осомничени за кои полицијата трага од саботата.
Можеби ќе ве интересира
Хрватска шокирана од морбиден чин: Ја убила сестра си, па ја чувала во замрзнувач 20 години

(ВИДЕО) Масовен протест во Тирана, демонстранти ја кршат владината зграда

Борисов во Србија издејствува град да носи и бугарско име

Словенечки пратеник поднесе оставка откако украде сендвич

(ВИДЕО) Почнале од нула, а денес за нивното сирење слушнале и во Египет

Мобилите нападнаа и во Бугарија, главниот доктор загрижен поради слабата имунизација
